Јавниот обвинител, Игорчо Крстов, од ОЈО Кочани, застапник на обвинението против Ива Михаилова, упати барање до неа јавно да му се извини и да ги повлече изјавите изнесени во поткастот кај новинар во Бугарија. Во соопштението се наведува дека Михаилова изнела невистинити тврдења со кои го нарушила угледот и професионалната репутација на обвинителот. Обвинителот преку ополномоштен адвокат реагира на нејзините изјави дека наводно ѝ се обратил со дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство, како и тоа дека преку посредник ѝ биле побарани пари за да добие условна казна. Крстов ги оценува овие наводи како клеветнички и бара нивно јавно повлекување. Обвинителот на завчерашното судење побара да бидат набавени нејзините изјави на социјалните мрежи, ама и сите документи поврзани со нејзината здравствена состојба, вклучително и од „Мој термин“. Михаилова, која има 23 години, во живо на поткаст зборуваше за прогонот во Македонија поради нејзините бугарски чувства, а обвинителот го нарече „бугарофоб“ и го обвини дека ѝ барал пари за полесна пресуда.

ИЗДВОЕНИ