четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ Украина и Канада потпишаа декларација за стогодишно партнерство

Украина и Канада потпишаа декларација за стогодишно партнерство

0

Украина и Канада денес потпишаа низа билатерални документи, вклучително и Декларација за стогодишно партнерство, јавуваат украинските медиуми.

Декларацијата во име на Украина ја потпиша претседателот Володимир Зеленски, кој е во посета на Канада, а во име на Канада – премиерот Марк Карни, пренесува „Укринформ“.

Со овој документ, лидерите се договорија да склучат договор за стогодишно партнерство насочен кон продлабочување на економските, безбедносните и политичките односи меѓу двете земји, како и кон поддршка на праведен и траен мир во Украина.

ИЗДВОЕНИ