На дел од градските улици во Кавадарци е воведена нова сообраќајна регулација.
Поточно, поставени се сообраќајни знаци согласно со сообраќајниот проект, со кои се овозможува зголемување на дозволената брзина на движење од 40 на 50 километри на час, и тоа на: Западниот булевар, улицата „Шишка“ и на Северниот булевар.
Од Општина Кавадарци информираат дека сообраќајната регулација е усогласена со условите на овие сообраќајници, со цел поефикасно одвивање на сообраќајот.
Притоа, предупредуваат да се вози внимателно и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација.












