Американската платформа „Пинтерест“ денес објави дека се согласила да соработува со подружницата на „Амазон АВС“, нејзиниот главен давател на услуги во облак, а новиот договор вклучува инвестиција од дури 4 милијарди долари за услуги во облак до 2031 година.
Ова е најголемиот договор за инфраструктура во историјата на „Пинтерест“, кој има за цел да го забрза развојот на технологиите за вештачка интелигенција, да го подобри пребарувањето и купувањето на платформата, како и да ја модернизира својата глобална платформа за визуелно истражување.
„Пинтерес“ инвестира многу во вештачка интелигенција за да го направи откривањето содржини поперсонално, визуелно и практично за стотиците милиони луѓе кои ја користат нашата платформа секој месец“, рече Мет Мадригал, главен директор за технологија на компанијата.
„Пинтерест“ и „АВС“ работат заедно од 2010 година, а овој нов договор значително го продлабочува тој однос за да ја поддржи следната фаза на раст на Pinterest во обуката, инференцијата и целокупната инфраструктура за модели на вештачка интелигенција, објавува „Танјуг“.
„Проширувањето на нашето партнерство со подружницата на „Амазон“ ни дава флексибилност, избор на хардвер и ефикасност на инфраструктурата што ни се потребни за да ја забрзаме нашата визија“, рече Мадригал во соопштението на веб-страницата на „Пинтерест“.












