четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА „Киселко“ премиерно со 13 нови песнички

„Киселко“ премиерно со 13 нови песнички

1

Кисела Вода го до бива својот прв детски фестивал „Киселко“, кој ќе се одржи в сабота, во 13:00 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, во организација на Општината.

Децата учесници на фестивалот веќе ја одржаа и генералната проба на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

На фестивалот премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички.

– Со овој настан, Општина Кисела Вода отвора ново поглавје во културниот живот, сакајќи да создаде убава традиција и да им даде простор на најмладите да го покажат својот талент – велат од локалната самоуправа.

Притоа додаваат дека сите овие песни се целосно бесплатни за учесниците.

– За да се одберат најдобрите учесници, беше спроведен процес на аудиции низ основните училишта во Кисела Вода од страна на наставниците по музичко воспитување. Целосната реализација на фестивалот се прави во соработка со „Стробери груп“, продукција која е специјализирана за детски и младински телевизиски проекти и настани – објаснија од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ