петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ 93- годишник ја разнел куќата за да не оди дом за стари...

93- годишник ја разнел куќата за да не оди дом за стари лица, осум лица повредени

175

Осум жители беа повредени во експлозија на гас во населбата Флоридсдорф во Виена, за која се сомнева дека е намерно предизвикана од 93-годишен маж кој не сакал да оди во дом за стари лица.

Осум лица се здобиле со полесни повреди, а 45-годишен маж и бремена жена за која се верува дека паднала на стомак се хоспитализирани, објавува Хојте.

Експлозијата, која се случила ноќта помеѓу недела и понеделник на улицата Карл Бенц Вег, уништила семеен дом, а пожарот се проширил на соседната куќа. Експлозијата оштетила и други блиски згради и паркирани автомобили.

Екипата на Службата за помош при катастрофи го лоцирала повредениот маж со помош на звучна опрема и камера, по што бил спасен и однесен во болница каде што е под надзор.

Државното обвинителство издаде налог за негово апсење под сомнение за намерно предизвикување опасност, а во тек е истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

Лице блиско до осомничениот за пожарот изјави дека тој живеел сам, но дека неговиот посинок сакал да го исфрли од куќата и да го смести во дом.

Виталниот пензионер, кој излегувал секој ден и возел сопствен автомобил, имал доживотно право на престој.

ИЗДВОЕНИ