EPA/TOLGA AKMEN

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше на прес-конференцијата по пласманот во четврт-финалето на Вимблдон. Тој го победи Роман Сафиулин со 3:1 и ќе има два дена да се подготви за својот следен предизвик.

– Сега поминувам многу повеќе време во закрепнување од кога било досега, тоа е она што го бара телото. Не уживам баш во тоа, одзема многу време, но е, исто така, дел од процесот и адаптацијата на постарото тело во последниве неколку години. Секогаш во текот на мојата кариера барав да видам која е најдобрата технологија: хипербарична комора, инфрацрвена терапија, ледени бањи… Има многу работи што ги користев, од кои многу сè уште ги користам. Физички сум добро, но не уживав во мојата игра. Тој ме притискаше и играше добро. Се мачев да го најдам нивото на игра што го имав, особено во второто коло. Победата е победа дури и ако грдо победите – рече Ѓоковиќ.

Новак го престигна Швајцарецот Роже Федерер на Вимблдон по бројот на победи (106).

– Не ми беше приоритет да го соборам рекордот на Федерер тука. Воопшто не ми е важно, дури и не знаев за тоа до последниот натпревар – кажа Ѓоковиќ.

Во четврт-финалето, Србинот ќе ги одмери силите со Канаѓанецот Феликс Ожие Алијасим. Иако Алијасим стана професионалец во 2017 година, тој и Ѓоковиќ не се среќаваа често и одиграа само два натпревари еден против друг. На првиот, во 2022 година, Алијасим победи на Лејвер купот, во два сета, 6:3, 7:6, а на вториот таа година, во Рим, Ѓоковиќ победи со 7:5, 7:6.

Алијасим е моментално четврти тенисер во светот и неговата кариера не беше на посакуваното ниво по големиот подем и четирите освоени титули во 2022 година. Тој, исто така, ѝ помогна на Канада да го освои Дејвис купот таа сезона. Минатата година, тој се врати на највисокото ниво и почна да ги оправдува огромните очекувања што го следеа од почетокот на кариерата. Неодамна, на Ролан Гарос, тој стана првиот Канаѓанец што играл во четврт-финалето на сите четири гренд слем турнири.

Место во четврт-финалето обезбеди и првиот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, кој во три сета го елиминираше Јапонецот Шинтара Мочизуки со 6:3, 7:6, 6:3.

ИЗДВОЕНИ