понеделник, јули 6, 2026
Дома СВЕТ Зеленски лут на сојузниците: Нашите војници не можеа да се борат против...

Зеленски лут на сојузниците: Нашите војници не можеа да се борат против руските ракети, знаеме зошто!

47
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека недостигот од ракети-пресретнувачи за системите „Патриот“ е една од главните причини поради кои украинската противвоздушна одбрана не успеала да ги запре руските балистички ракети во масовниот напад врз Киев и околината.

Во нападот, според последните информации, загинале најмалку 11 лица, а повеќе од 70 се повредени. Русија во текот на ноќта лансирала 68 ракети и 351 беспилотно летало, при што биле погодени повеќе локации во украинскиот главен град.

„Нашите војници успешно пресретнаа беспилотни летала и крстосувачки ракети, но тоа, за жал, не беше случај со руските балистички ракети. Причината е недоволната испорака на ракети-пресретнувачи“, изјави Зеленски.

Тој упати апел до САД и европските сојузници, во пресрет на самитот на НАТО во Анкара, да донесат конкретни одлуки за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

Во меѓувреме, спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Според Зеленски, од оштетените објекти досега се извлечени 64 лица, меѓу кои и две деца.

Особено тешка е состојбата во Вишневе во Киевската област, каде што по директен ракетен удар сè уште беснее голем пожар. Во акцијата за спасување и расчистување на последиците се ангажирани повеќе од 400 пожарникари, спасувачи и полицајци.

ИЗДВОЕНИ