
Англискиот премиерлигаш Евертон со големо внимание ја следи ситуацијата околу белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Кевин де Бруин. Се погласни се шпекулациите дека искусниот играч за врска е во „војна“ со неколку тимски соиграчи и затоа големи се шансите да побара да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.











