петок, февруари 13, 2026
Дома СВЕТ 40 тела со видливи траги на мачење пронајдени во болницата во Дамаск

40 тела со видливи траги на мачење пронајдени во болницата во Дамаск

132
EPA-EFE/MOHAMMED AL RIFAI

Воена болница во Дамаск стана сцена на ужас по пронаоѓањето на 40 тела со видливи траги на мачење, јавија западни медиуми.

Според бунтовнички извори, телата биле пренесени во координација со Црвениот крст за обдукција и идентификација.

„Отворив врата и видов тела со траги на сурово мачење, изјави еден од бунтовничките борци“, опишувајќи ја глетката како шокантна.

Телата ќе бидат идентификувани во соработка со семејствата на жртвите.

ИЗДВОЕНИ