Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка.
Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци истиот осомничен извршил обљуба врз малолетничката, а целиот настан бил сниман со мобилен телефон од страна на негов пријател.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.












