недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Орбан предупредува: Владата на Тиса ја води земјата кон диктатура

Орбан предупредува: Владата на Тиса ја води земјата кон диктатура

0
Фото: EPA

Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер Виктор Орбан денес ја обвини владата на партијата Тиса дека ја води земјата кон диктатура, по контроверзноста предизвикана од изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за планираните отпуштања на државни функционери.

Орбан на Фејсбук наведе дека Адер се залага за владеење на правото и оцени дека реакциите што следеа по неговите изјави покажуваат „агресија, закани и заплашување“, објави Хирадо.

„Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан.

На 2 јули, Адер во подкаст за јавниот сервис рече дека планираното отпуштање на претседателот Тамаш Суљок и други високи функционери би било спротивно на уставот.

Премиерот Петер Маѓар реагираше на коментарите на Адер, обвинувајќи го за трошење јавни пари преку Фондацијата за заштита на климата „Сина планета“, која ја води тој.

Во таа прилика, Маѓар  тврдеше дека фондацијата со години користи значителни јавни средства, додека Адер, според него, добива висока месечна членарина и користи други бенефиции финансирани од државата.

ИЗДВОЕНИ