сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Отворениот градски базен во Куманово достапен за капачите

Отворениот градски базен во Куманово достапен за капачите

284

Почна со работа отворениот градски базен во рамките на СРЦ „Градски базен – Куманово“. Базенот е достапен за посетителите секој ден од 10:00 до 18:00 часот.

Градскиот базен е подготвен согласно со сите пропишани стандарди за хигиена и безбедност, со редовни дежурства на спасителите и со дополнително обезбедените содржини за посетителите.

Од Општина Куманово ги повикуваат сите љубители на водните активности, семејствата и младите рекреативци да ги искористат летните денови за разладување, рекреација и за забава во безбедна и пријатна средина.

 

ИЗДВОЕНИ