сабота, септември 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата...

Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад

100

Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на улицата „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.

Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.

Поради несреќата во која од падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 луѓе, Владата на Република Србија денешниот ден, 2 ноември 2024, го прогласи за Ден на жалост во Србија.

ИЗДВОЕНИ