среда, октомври 21, 2026
Дома СВЕТ Москва официјално: Првиот танкер со руско гориво во четврток тргнува за Америка

Москва официјално: Првиот танкер со руско гориво во четврток тргнува за Америка

0
EPA/ADAM VAUGHAN

Првата пратка руски дизел наменета за пазарот во САД треба да тргне од руско пристаниште во четврток, 22 октомври, според изјавата на рускиот заменик-премиер Александар Новак. Станува збор за танкер што превезува 40.000 тони гориво, додека договорот за испораки меѓу Москва и Вашингтон влегува во завршна фаза.

„Предвидено е првиот танкер да исплови од пристаништето во четврток, 22 октомври“, изјави Новак, потврдувајќи дека бродот се упатува кон Соединетите Држави.

Рускиот функционер наведе дека по оваа првична испорака може да следат и други пратки, во зависност од капацитетите на Русија и потребите на американскиот пазар.

„Овој конкретен танкер ќе превезува 40.000 тони. Несомнено, ќе следат и други пратки. Постигнати се договори меѓу двајцата лидери. Ќе излеземе во пресрет на потребите на Соединетите Држави во рамките на нашите можности… Во завршна фаза сме“, рече Новак.

На 9 октомври, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп постигнаа договор за испорака на руски дизел на глобалниот пазар.

Новак процени дека до крајот на годината Русија би можела целосно да го обнови извозот на дизел на нивоата што постоеја пред воведувањето на ограничувањата. Тој додаде дека, покрај САД, руското гориво до крајот на годината би можело да стигне и на пазарите во други земји.

ИЗДВОЕНИ