среда, октомври 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Криел лек за рак во кутија за прва помош – Царината го...

Криел лек за рак во кутија за прва помош – Царината го фатила на Богородица

116

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, кои се употребуваат за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги прошверцува во кутија за прва помош, соопшти Царинската управа. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежните институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.

Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде што при контрола на автобус, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутичиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна ќеса.

Од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава против сторителот, за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

-Годинава, од мобилните тимови и од царинските службеници на граничните премини се запленети над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштитата на здравјето на граѓаните, велат од Царина.

ИЗДВОЕНИ