EPA/TOLGA AKMEN

Германскиот тенисер Саша Зверев одржа говор по финалето на Вимблдон. Зверев беше поразен од светскиот тениски рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, со 3:1 во сетови, а по примањето на утешниот пехар, даде интересна изјава.

„Прво, Јаниќ, веќе не те сакам! Деветпати по ред губев од тебе… (хахаха). Секако, прво честитки до Јаниќ, повторно покажа зошто е најдобар на светот. Беше убаво да го делам Централниот терен со тебе, тоа е голема чест. Не успеав, но честитки“, рече Зверев.

„Исто така, му честитам на тимот на Јаник, почнавте надвор од Топ-10 и се искачивте на врвот. Сето ова е тимска работа и Јаник сигурно ќе биде првиот што ќе го признае тоа. Честитки и до мојот тим… Имавме многу добри два месеци, и покрај поразот денес, тоа беа два исклучителни месеци. Никогаш порано не сме стигнале до четвртфиналето на Вимблдон, а сега сме во финалето. На 29 години, прв пат верував дека можам да го освојам овој трофеј, благодарение на вас“, кажа Зверев.

ИЗДВОЕНИ