недела, септември 13, 2026
Дома СВЕТ Зимата веќе го зададе првиот удар во Европа: Падна првиот снег во...

Зимата веќе го зададе првиот удар во Европа: Падна првиот снег во Австрија, измерени 8 сантиметри снежна покривка

0

На само речиси две недели од почетокот на климатолошката есен, во Европа веќе пристигна првиот мал удар на зимата. Во Австрија веќе падна првиот снег, и тоа на највисоките места, односно на алпите на надморска височина од 2995 метри па се до 3203 метри надморска височина.

Ледењаците Дахштајн и Кицштајнхорн веќе забележаа снежна покривка од 8 сантиметри.

Токму на овие две места споменати погоре веќе течат подготовките за скијачката сезона која според најавите треба да започне од 10 октомври, доколку временските прилики тоа го дозволат.

ИЗДВОЕНИ