петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН Земјотрес во Хрватска: Граѓаните пријавуваат силен потрес и јака детонација

Земјотрес во Хрватска: Граѓаните пријавуваат силен потрес и јака детонација

77

Утрово во 9:51 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар на 8 километри од Петриња. Магнитудата на земјотресот била 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V степени од ЕМС скалата.

Според првите информации на ЕМСЦ, во 9 часот и 51 минути по локално време е регистриран земјотрес со епицентар на длабочина од 9 километри и на 10 километри од Сисак со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 56 километри од Загреб.

Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени.

„Силен удар и се тресеше долго време“, напиша еден корисник на EMSC.

„Се заниша навистина долго“, напиша друг.

ИЗДВОЕНИ