недела, јули 12, 2026
Дома СВЕТ Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика: Избувна огромен пожар, има...

Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика: Избувна огромен пожар, има жртви/ВИДЕО

52

Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувнал во фабрика во сојузната држава Вашингтон во САД, откако пукнал резервоар со 300.000 литри хемикалија. Точниот број на жртви засега не е објавен.

Итните служби во Лонгвју  интервенирале, а засега не е објавено каков точно хемиски раствор имало во резервоарот.

Командантот на противпожарната и спасувачка служба на „Cowlitz“, Скот Голдстајн, изјавил дека најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и еден пожарникар. Според него, повредите се движат од полесни до животозагрозувачки.

– Резервоарот имал капацитет од околу 300.000 литри и бил наполнет околу 60 проценти – изјавил Голдстајн.

Од службите соопштиле дека во моментот нема непосредна опасност за околната заедница.

Фабриката во Лонгвју е во сопственост на компанијата „Nippon Dynawave Packaging“, која е подружница на јапонската корпорација „Nippon Paper Industries“. Компанијата произведува картонска амбалажа за течности. Производството е прекинато.

Гувернерот на сојузната држава Вашингтон, Боб Фергусон, изразил сочувство до жртвите и нивните семејства. Тој реагирал на платформата Икс.

„Длабоко сум потресен од веста дека има загинати. Моите мисли се со работниците и нивните семејства, како и со припадниците на итните служби“, напишал Фергусон на Икс.

Локалните власти најавија дополнителни информации по завршувањето на увидот. Причините за несреќата засега не се познати. Истрагата продолжува.

ИЗДВОЕНИ