Земи или остави – ултиматум или избор?!

226

За Мицкоски е неприфатливо Таравари да остане во власта, а да соработува со Ахмети на локалните избори. Уверува дека владиното мнозинство со или без Алијанса е сигурно. Никого не сум молел, ниту ќе молам вели премиерот. Владата е стабилна

 

 

Јасен е изборот кој го има Арбен Таравари – да остане во коалицијата која носи и испорачува за граѓаните или да оди во прегратките на ДУИ – партијата која ја криминализираше државата. Ова е понудата која премиерот Христијан Мицкоски ја обелодени пред средбата со коалицискиот партнер, Арбен Таравари, што ќе се одржи  попладнево со единствената точка на дневен ред – останува ли Алијанса со владејачкото мнозинство или оди во коалиција со ДУИ. Мицкоски е дециден дека тој мора конечно да пресече со кого ќе соработува во иднина и дека на маса мора да се стават сите актуелни случувања.

„Но генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните. Втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција“, рече Мицкоски пред средбата која до затворање на весникот не беше почната. Премиерот посочи дека каков и да е епилогот од средбата, тој нема да влијае на владиното мнозинство, кое според него, со или без Таравари е сигурно.

-Никого не сум молел, ниту ќе молам вели премиерот. Владата е стабилна. Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават“, истакна Мицкоски.

За Мицкоски е неприфатливо Таравари да остане во власта, а да соработува со Ахмети на локалните избори. Уверува дека владиното мнозинство со или без Алијанса е сигурно. „Никого не сум молел, ниту ќе молам“, вели премиерот. Владата е стабилна.

„Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават“, истакна Мицкоски.

И Таравари потврди за средбата со премиерот. Вели дека остануваат на одлуката да настапат со свои кандидати за градоначалници и советници на претстојните локални избори, но не прецизира дали и како ќе останат и во Владата.

„Ние имаме постојана комуникација со Мицкоски, така што од средбата не очекувам ништо посебно, ги кажавме нашите ставови, ние сме автономна партија, носиме свои одлуки, ќе разјасниме некои работи за кои мислам дека не му се јасни. Алијансата за Албанците дефинитивно ќе излезе со посебни листи за советници, додека за кандидати за градоначалници, најверојатно ќе има свои кандидати“, изјави Таравари.

Тој претходно на Фејсбук напиша дека:„партијата Алијанса за Албанците не е такси за превоз, ниту чамец за спасување имиња и презимиња, туку работи само во интерес на граѓаните. Изјавуваме дека судбината на овој народ ја сметаме посериозно од другите имиња и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворени во Едипов комплекс. Ние не правиме никаков потег за задоволство или за гнев на никого! Дури и оние кои пророкуваат во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се справуваат со работите пообјективни отколку „прогнозирање“. Ниту сме такси не користат за превоз и потоа ни ги земаат клучевите, ниту чамецот за спасување за имиња и презимиња. Ние сме Алијанса за Албанците, која работи само во интерес на луѓето!“

Дека владиното мнозинство е стабилно и дека излезот на Таравари од власта не може да предизвика криза во владините редови, смета аналитичарот Благојче Атанасоски, кој оценува дека излезот од 4 до 5 пратеници од владејачко мнозинство, кое брои 78 пратеници. Според него, политичките реакции би биле во т.н. албански политички блок, што ќе се рефлектира на идните локални избори и изборниот резултат во средините со доминантно албанско население.

 

ИЗДВОЕНИ