понеделник, август 3, 2026
Дома СВЕТ Зеленски откри амбициозен план за крај на војната со Русија

Зеленски откри амбициозен план за крај на војната со Русија

0
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави создавање дополнителен притисок врз Русија, со цел да се обиде да се договори мир пред зимата.

Украина ќе се обиде да изврши доволен дипломатски, економски и воен притисок врз Москва за да ја заврши војната со Русија пред почетокот на зимата, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

„Ќе се обидеме многу напорно да го направиме ова да се случи пред зимата, на есен. Но, ни е јасно со кого си имаме работа и дека Путин сака да продолжи да ја влече оваа војна“, рече Зеленски, пренесува РБЦ-Украина.

Зборувајќи на состанокот на украинските амбасадори во Киев, Зеленски нагласи дека Путин подготвува нов бран мобилизација и нови напади врз Украина.

„Ги гледаме вистинските намери на Русија“, рече Зеленски.

Сепак, ова нема да ја спречи Украина да користи разни форми на притисок, и воен и дипломатски, за да ја принуди Русија да зборува за мир. Меѓу другото, тој истакна дека Украина ќе продолжи со нападите врз руските објекти кои „ги поддржуваат воените напори“ во комбинација со економски санкции наметнати од сојузничките влади.

„Сите овие мерки, рече тој, мора да достигнат такво ниво на притисок што на Русија ќе ѝ остане само мир“, додаде Зеленски.

Сепак, тој призна дека е невозможно со сигурност да се предвиди кога овој комбиниран притисок ќе даде резултати.

ИЗДВОЕНИ