Четириесет и осумгодишниот албанскиот пејач Азиз Мурати е застреланиот со огнено оружје на влезот во скопското село Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера рано утрината во 01:50 часот, во СВР Скопје е пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесен А.М.(48) од Скопје, со повреди од огнено оружје.
Според пријавата, Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице.
Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот. Според последните информации, неговата здравствена состојба е стабилна.












