Околу 74 проценти од македонските ученици на возраст од 15 години не го достигнуваат основното ниво на знаење и вештини, покажуваат резултатите на ПИСА – тестирањето за минатата година, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Анкетата „PISA 2025“ беше најголемото оценување досега спроведено, во кое учествуваа 760.000 ученици во 91 земја и економии.
Според методологијата на ОЕЦД, околу три четвртини од учениците во Македонија се под нивото 2, кое се смета за основен праг на знаење и функционална писменост потребни за успешно учество во современото општество.
Најслабите резултати се забележуваат по математика и читање со разбирање. Македонските ученици на тестирањето освоиле просечно 379 бодови по математика, 354 по читање со разбирање и 377 бодови по природни науки. Просекот на земјите од ОЕЦД по математика е околу 472 бодови.
Во однос на математиката, основното ниво го достигнале 32 отсто од учениците во Македонија, наспроти 65 отсто во просекот на ОЕЦД. Тоа остава 68 отсто под прагот што ПИСА го смета за минимална функционална математичка писменост. Кај природните науки 36 отсто достигнале најмалку второ ниво, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД. Последните резултати покажуваат дека во читањето и природните науки Македонија е приближно на нивото од 2022 година, додека кај математиката има пад. Во сите три области резултатите остануваат под просекот на ОЕЦД.
Дури 33 отсто од македонските ученици изјавиле дека нивните соученици често се расеани поради користење дигитални уреди на повеќето или на сите часови по природни науки. Околу 35 отсто од македонските ученици изјавиле дека пропуштиле најмалку еден цел училишен ден во двете недели пред тестирањето. Дури 41 отсто пропуштиле барем еден час, а 57 отсто барем еднаш задоцниле на училиште. Во 2022 година овие показатели биле пониски – 28 отсто за пропуштен ден, 37 отсто за пропуштен час и 50 отсто за доцнење.
Истовремено, ОЕЦД објави дека во програмата за меѓународно оценување на учениците по математика, читање и природни науки е забележан остар пад на знаењето и на учениците од на тестовите се намалиле за 40 поени во читањето со разбирање, а за исто толку и во математика. Половина од учениците во Шпанија, на возраст од 15 до 16 години, пак, покажаа ниско ниво на знаење по природни науки на истиот тест, а само 28 проценти од нив го достигнаа минималното ниво на компетентност потребно за справување со секојдневниот живот и идната кариера, додека падот во читањето и математиката достигна најниска точка. Учениците во Португалија и Германија, исто така, покажаа значителни заостанувања во оваа област. Вештините за читање, според резултатите од тестот PISA, нагло се намалија во последните години и кај петнаесетгодишниците во Холандија, а повеќе од 39 проценти, или четири од десет холандски ученици во оваа возрасна група, не го достигнуваат минималното ниво на читање потребно за целосно учество во општеството.европските земји.












