вторник, ноември 24, 2026
Дома СВЕТ Зеленски повторно го провоцира Путин: Русија ќе биде принудена на прекин на...

Зеленски повторно го провоцира Путин: Русија ќе биде принудена на прекин на огнот поради тешките загуби на фронтот

0
EPA/SARAH MEYSSONNIER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија на крајот ќе биде принудена да се согласи на прекин на огнот поради тешките загуби на фронтот и во нејзината економија. Тој нагласи дека на ваквиот исход ќе влијаат и единството на европските нации, како и цврстината на Соединетите Држави во поддршката за Киев.

„Ако не нè скршат – а тоа зависи од нас, од цврстината на САД и од единството во Европа – тие ќе се согласат на прекин на огнот. Ќе мораат да се согласат на тоа, бидејќи во моментов губат повеќе од 50.000 луѓе месечно“, рече Зеленски за време на разговор со претставници на локалните заедници во Чоп, во западна Украина.

Говорејќи на седница на Конгресот на локалните и регионалните власти, тој додаде дека Русија трпи загуби и во логистиката, што, како што истакна, има влијание врз нејзината економија, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ