четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Запалени контејнери во дворот на средното медицинско училиште, пожарот ја оштетил и...

Запалени контејнери во дворот на средното медицинско училиште, пожарот ја оштетил и фасадата на зградата

84

Од средното медицинско училиште Д-р Јован Калаузи” во Битола известуваат дека за време на празничните неработни денови, поточно на 11.04.2026 година, во 01:30 часот по полноќ, бил извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се проширил и предизвикал оштетување на фасадата на задниот дел на објектот.

– Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени се поголеми последици. Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите – соопштија од средното медицинско училиште во Битола.

Оттаму, остро го осудија овој чин на уништување на јавен имот и апелираат до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница.

– Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста. Нема да толерираме вакви постапки – децидни се од оваа образовна институција.

 

ИЗДВОЕНИ