Националниот парк „Пелистер“ и Зоолошката градина – Битола и официјално почнаа со меѓусебна соработка.
Зоолошката градина овој пат од НП „Пелистер“ добива скромна, но значајна поддршка во насока на оплеменување на живеалиштата со различен тип дрвни видови, односно дополнителни содржини.
– Со овој тип оплеменување значително ќе се подобрат условите во насока на приближување до природните живеалишта на животните, а посетителите ќе имаат пригода да уживаат во севкупно подобрениот природен амбиент во Зоолошката градина Битола – соопштија од НП „Пелистер“ .












