Возилото од жената на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш е запалено со бензин, соопштија од МВР. Станува збор за авотмобил од марката „ренџ ровер“, а камерите во близина покажале дека сторителот бил маскиран.
-На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“ соопшти МВР.












