вторник, октомври 13, 2026
Дома СВЕТ Закана за бомба во авион од Њујорк за Израел

Закана за бомба во авион од Њујорк за Израел

11

Патниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк до Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“, откако беше упатена анонимна закана за бомба, пренесува „Мирор“.

Во заканата се тврдеше дека во авионот има експлозивна направа, што доведе до итно активирање на безбедносните протоколи.

Патниците беа префрлени во терминалната зграда, додека авионот беше преместен на оддалечен дел од аеродромот за темелна проверка од страна на безбедносните служби.

Израелските власти соопштија дека патниците не биле во непосредна опасност. При проверката на авионот не е пронајдено ништо сомнително.

„Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале оти заканата била лажна.

Безбедносните служби извршија детален преглед на авионот, но не пронајдоа сомнителни предмети, објави израелскиот информативен портал „Ynet“.

„Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Воздушниот сообраќај е нормализиран“, соопшти Управата за аеродроми на Израел.

ИЗДВОЕНИ