Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
На мерните места во градот се измерени од 1,52 до 1,8 НТУ, над дозволената граница од 1,5 НТУ. Водата може да се користи само за техничка употреба, информираат од претпријатието.












