Ако сакате појадок полн со вкус и хранливи материи без да ви предизвика тежина во стомакот, оваа пита од белка од јајце, козјо сирење и бебешки спанаќ е идеална за вас, совршена за секој кој внимава на својата исхрана, богата со протеини и многу малку маснотии.
Состојки:
8 белки
4 жолчки
500 гр козјо сирење (по можност старо козјо сирење)
150 гр грчки јогурт (со малку маснотии)
100 гр бебешки спанаќ
*опционално: 1/2 лажичка прашок за пециво и сусам за посипување
Подготовка:
Изматете ги белките и жолчките додека не станат пени. Додадете распарчено козјо сирење, грчки јогурт и ситно сечкан бебе спанаќ. Измешајте сè заедно и додадете малку прашок за пециво по желба за повоздушеста текстура.
Смесата истурете ја во подмачкана тава (големина 16×26 см) и посипете ја со сусам. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 40 минути – додека не порумени.
Оставете малку да се излади, па послужете со чаша кисело млеко.