петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ се огласи по извештајот на Пицула: „Сакаат да ја продолжат борбата...

Вучиќ се огласи по извештајот на Пицула: „Сакаат да ја продолжат борбата со други средства“

1040

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека Хрватска се обидува да ја запре Србија, „но не им оди баш најдобро и ќе продолжат“, а воедно изјави дека би бил загрижен доколку известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, каже нешто добро за него.

„Додека тој зборува лошо за мене, тоа значи дека јас правам добра работа за Србија. Пицула и Хрватите се однесуваат како кога се бореа со оружје против Србите. Нивната политика денес не е ништо поразлична, само што сега користат други средства за да ја сопрат и дестабилизираат Србија.“

Тој рече дека не е загрижен за обвинувањата на Пицула дека е автократ и рече „зборуваат повеќе за себе отколку за мене“.

Српскиот лидер додаде дека Белград нема да подлегне на ваквите уцени и дека ќе продолжи да ја води својата независна политика, без оглед на притисоците од соседството.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, претходно изјави дека реформите во Србија значително се забавиле, дека медиумската слика е застрашувачка и дека следните избори нема да бидат фер без спроведување на препораките за подобрување. Тој, исто така, истакна дека политиката на ЕУ за замижување и залагање за стабилност како алиби не даде резултати. Најновиот извештај за Србија, кој вчера беше јавно презентиран, беше, како што оцени јавноста, многу поостар од претходните.

ИЗДВОЕНИ