
Претседателот на Србија Александар Вучиќ пред новинарите во Њујорк изјави дека во недела, околу осум часот навечер, ќе поднесе оставка и ќе ја образложи својата одлука.
„Оставката ја поднесувам во недела навечер, па ќе ве известам – мислам дека тоа ќе биде околу 20 часот. Ќе ве информирам, ќе ве поканам сите и ќе го слушнете моето образложение и сè друго“, рече Вучиќ, пренесува „РТС“.
Вучиќ исто така изјави дека се надева оти за два до три дена ќе знае повеќе за решението во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС), по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
На прашањето од новинарите во Њујорк дали ситуацијата околу решението за Нафтената индустрија на Србија (НИС) станува појасна, Вучиќ рече дека не знае точно што да одговори, но се надева дека ќе знае повеќе по разговорот со Путин.
„Не знам што да ви кажам. Го чекам разговорот со претседателот Путин. Можеби тогаш ќе знам нешто. Искрено, би сакал да можам да им донесам добри вести и на народот и на себеси по овие месеци и години на борба. Не знам што да кажам. Се надевам дека за два или три дена ќе имам подобар и попрецизен одговор за вас“, рече Вучиќ.











