Сообраќајна несреќа се случила вчера нешто по 14 часот на автопатот Брегана – Загреб кога камион пробил заштитна ограда, удрил во далновод и се запалил, соопшти Полициската управа Брод-Посавина. Несреќата се случила во близина на Среданци во правец на Брегана, а полицијата добила пријава за пожар во возило во кое имало едно лице.
Според неофицијални информации што ги пренесе локалниот портал SB online, возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе, по што починал. Според хрватските медиуми, станува збор за македонски државјанин.
Сите служби за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а во тек е истрага за да се утврди точната причина за несреќата.
View this post on Instagram












