четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ ОАЕ се подготвуваат за војна поради Хормус, пишува Волстрит журнал; Стигна реакција...

ОАЕ се подготвуваат за војна поради Хормус, пишува Волстрит журнал; Стигна реакција на Емиратите

472
google maps

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се подготвуваат да им помогнат на САД присилно да го отворат Хормискиот Проток, објави денес американскиот весник „Волстрит џурнал“. Повикувајќи се на неколку неименувани арапски претставници, весникот пишува дека Емиратите размислуваат како би можеле воено да придонесат.

Една можност е да учествуваат во расчистување на мини и да обезбедат поддршка.

„Волстрит џурнал“ наведува дека Емиратите веруваат дека американските сили треба да ги окупираат стратешки важните острови во Протокот, вклучувајќи го и островот Абу Муса.

Околу 20 проценти од светската нафта и гас поминуваат низ Хормускиот Проток, како и големи количини на други стоки, а блокадата на теснецот од страна на Иран предизвика зголемување на цените на нафтата, кои во еден момент надминаа 100 долари за барел.

Американскиот весник наведува дека ОАЕ лобираат за резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која би се одобрило отворањето на Ормускиот теснец, а резолуцијата би била спонзорирана од Бахреин.

ОАЕ: Не го менуваме нашиот пристап

Емиратите ги нарекоа тврдењата погрешни и рекоа дека нивната политика останува дефанзивна.

„ОАЕ се подготвени да ги поддржат заедничките меѓународни напори насочени кон обезбедување на безбедноста на пловидбата и непречениот тек на трговијата. Секоја таква акција мора да се спроведе во целосна координација со меѓународните партнери и во строго почитување на меѓународното право“, рече неименуваниот функционер.

Тој додаде дека тврдењата за промена на пристапот се погрешни.

„Неодамнешните написи што сугерираат промена во ставот на ОАЕ се погрешни. ОАЕ одржува дефанзивен пристап насочен кон заштита на својот суверенитет, население и инфраструктура и го задржува правото на самоодбрана во случај на континуирани незаконски и неиспровоцирани напади“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ