недела, септември 20, 2026
Дома МАГАЗИН Во пресрет на утрешниот празник: Вечерна богослужба и литија во храмот „Рождество...

Во пресрет на утрешниот празник: Вечерна богослужба и литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

0

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица), вечерва беше отслужена вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

Прославувањето на празникот почнува со вечерна богослужба во 17 часот во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје, по што ќе продолжи со литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје.

Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а потоа и света литургија во 09:00 часот.

Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја –  заштитничката на градот Скопје.

ИЗДВОЕНИ