вторник, јули 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во опасност сте? Новата апликација за 112 ќе овозможи дискретен повик без...

Во опасност сте? Новата апликација за 112 ќе овозможи дискретен повик без зборување – неколку клика до точната локација со видео и фотографија

0
Фото: ЦУК

Граѓаните наскоро ќе добијат нова алатка за побрзо пријавување итни случаи. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) најави дека во употреба ќе биде пуштена мобилната апликација „Where Are You“, која ќе овозможи поефикасна комуникација со службата 112.

Преку апликацијата, корисниците ќе можат со само неколку клика да ја споделат својата точна локација, како и да испратат фотографии и видеоснимки од местото на настанот. Предвидена е и можност за директна видеокомуникација со Оперативниот центар, што ќе им овозможи на службите побрзо да ја проценат ситуацијата и соодветно да реагираат.

Една од најважните новини е функцијата „Silent Call“, наменета за жртви на семејно насилство и лица кои се наоѓаат во опасност. Таа ќе овозможи тивко и дискретно барање помош, без потреба корисникот да зборува, што може да биде од клучно значење во ситуации кога комуникацијата не е безбедна.

Од Центарот за управување со кризи велат дека со воведувањето на овие функционалности продолжува модернизацијата на системот 112, со цел да се подобри комуникацијата со граѓаните, попрецизно да се пренесуваат информациите до службите за итна интервенција и да се овозможи побрза и поефикасна реакција при кризни и опасни ситуации.

ИЗДВОЕНИ