Во Мека дојдоа преку милион аџии, мерките против жештината засилени

32

Околу 1,4 милиони аџии пред утрешниот муслимански празник Курбан Бајрам, пристигнаа во Мека.

Според обичајот, аџиите прво седумпати свртеа околу Каба, најсветото место во исламот, па се упатија кон Мини каде го направија таканареченото каменување на ѓаволот. Потоа се помолија на планината Арафат, каде се верува дека пророкот Мухамед ја одржал последната проповед.

Саудиските власти ги засилија мерките против жештината, па обезбедија дополнителна сенка и климатизирани шатори, за да не се повтори минатогодишниот исход, кога 1.301 лице почина од температурите кои достигнаа до 51,8 Целзиусови степени. Годинава се мобилизирани повеќе од 40 владини агенции и 250.000 работници за да го намалат бројот на смртни случаи поврзани со топлината.

Саудиските власти тврдат дека поголемиот број од смртните случаи минатата година биле кај нерегистрирани аџии кои немале пристап до климатизирани шатори и автобуси.

ИЗДВОЕНИ