сабота, јули 18, 2026
Дома РАЗНО Во акција на Финансиска полиција и ОЈО ГОКК приведени се повеќе лица...

Во акција на Финансиска полиција и ОЈО ГОКК приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција

77

Повеќе лица се лишени од слобода во рамки на обемна акција на Управата за финансиска полиција, насочена кон откривање и документирање на финансиски криминал и корупција.

Од Управата информираат дека акцијата се спроведува врз основа на предистражна постапка, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според првичните информации, постојат основи на сомнение дека службени и други лица ја злоупотребиле својата функција, влијание и општествена положба за стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Неофицијално е приведен Стефан Богоев, поранешен директор на Царинската управа на Македонија и поранешен потпретседател на СДСМ. Богоев, неофицијално е приведен под сомневање за влијание за избор на фирма за чистење за време на мандатот од една година.

Од Финансиската полиција посочуваат дека активностите се дел од поширока истрага за повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата. Во текот на денот, по наредби издадени од судија на претходна постапка, се вршат претреси во домови, деловни објекти и кај физички лица на повеќе локации низ државата.Во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, приведени се повеќе осомничени лица, а истрагата продолжува.

Надлежните најавуваат дека по завршување на дејствијата ќе бидат соопштени дополнителни информации за случајот.

ИЗДВОЕНИ