
Англискиот премиерлигаш Астон Вила е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Душан Влаховиќ. Брзоногиот напаѓач сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок, а раководните лица на „старата дама“ од неговата продажба очекуваат заработка не помала од 50 мил. евра.