“Виенски бал 2025“ – оваа сабота на 10. мај во Скопје

71

Средствата собрани од балот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагичниот пожар што се случи на 16. март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Оваа сабота на 10. Мај во македонската метропола Скопје, традиционално ќе се свираат и слушаат, но и со нив ќе се танцува, на волшебните звуци од убавиот син Дунав. Тоа се ќе биде во рамките на “Виенскиот бал“ кој се оддржува во хотелот “Александар Палас.“

Впрочем, се ќе биде во чест на хуманоста, а специјална гостинка со својот богат музички репертоар ќе настапи популарната Калиопи. Организаторите од здружението за културна соработка (помеѓу Македонија и Австрија) „Јохан Штраус“, соопштија дека средствата собрани од балот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагичниот пожар што се случи на 16. март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Балот ќе биде, всушност отворен со настапот на оркестарот „Јохан Штраус“, под диригентската палка на Бисера Чадловска, додека на танцовиот подиум ќе настапат танчарите од школата „Прима Данца“. По пеењето на Калиопи, гостите ќе уживаат во музиката на бендот „Свингерси“, како и во забавата што ќе ја приредат Дејан Бобиќ – Дексо и Билјана Ѓошева.                        Водителката е како и секогаш убавата (поранешната прва Мис на Македонија),            и секако згодната Вера Мештеровиќ. (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ