понеделник, септември 21, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста, но ќе донесе и нови ризици

Вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста, но ќе донесе и нови ризици

6
epa12536210 A humanoid robot with built-in Sberbank GigaChat is seen during AI Journey 2025, an international conference on artificial intelligence and machine learning, at the Sberbank City business complex in Moscow, Russia, 19 November 2025. EPA/KRISTINA KORMILITSYNA/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Вештачката интелигенција може да ја зголеми продуктивноста во Европа за околу 1 отсто во следните пет години, но истовремено може да ги продлабочи економските нееднаквости и да создаде нови ризици, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според анализата на Фондот, околу 60 проценти од вработените во развиените европски економии се на работни места кои се во голема мера изложени на влијанието на вештачката интелигенција. Дел од работниците би можеле да имаат повисока продуктивност, додека други би можеле да се соочат со губење на работните места поради автоматизацијата на рутинските задачи.

ММФ оценува дека придобивките од вештачката интелигенција нема да бидат рамномерно распределени. Понапредните европски економии би можеле да имаат поголема корист бидејќи имаат подобри услови за воведување на новата технологија.

Дополнителен предизвик е потрошувачката на електрична енергија. Центрите за податоци веќе користат околу 3 проценти од електричната енергија во Европа, а побарувачката може значително да се зголеми со ширењето на вештачката интелигенција. Особен притисок би можеле да почувствуваат големите технолошки центри како Франкфурт, Лондон, Амстердам, Париз и Даблин.

ММФ предупредува и на стратешката зависност на Европа од технологија развиена во САД и Кина. Според Фондот, потребни се поголеми инвестиции во европската индустрија за вештачка интелигенција, како и подобра прекугранична енергетска инфраструктура и подлабока интеграција на европскиот пазар.

ИЗДВОЕНИ