понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Важно известување од УХМР: Од утре топло, но многу нестабилно време!

Важно известување од УХМР: Од утре топло, но многу нестабилно време!

30

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во Скопје, во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

ИЗДВОЕНИ