Едно дете е меѓу повредените, додека спасувачите очајно ги пребаруваат урнатините во потрага по исчезната жена. Според првичните информации, експлозијата се случила околу 6 часот наутро во двокатна зграда во Порто Сант’Елпидио, Италија.
Две семејства биле во зградата во моментот на експлозијата, а силната детонација предизвикала целосно уривање. Пожарникарите го извлекле безживотното тело на 55-годишен маж од урнатините, пренесе британски „Сан“.
Неговите постари родители биле меѓу повредените, кои биле згрижени на местото на настанот пред да бидат префрлени во две различни болници. Жената била пренесена со хеликоптер во болницата Торете ди Анкона, додека мажот бил префрлен во блискиот град Фермо.
Едно момче и една жена исто така биле извлечени живи од урнатините. Пожарникарите интензивно бараат евентуални преживеани кои можеби се закопани во урнатините на зградата. Тие користат дронови, кучиња трагачи и тешка механизација за да ја бараат исчезнатата жена.
Според првичните извештаи, смртоносната експлозија е предизвикана од истекување на гас. Експлозијата целосно ја уништила зградата, а ударниот бран ги искршил прозорците во околните згради и продавниците на блиските улици, пренесе „Курир“.
イタリア中部マルケ州フェルモ県で集合住宅が爆発し、建物の一部が崩壊した。事故により少なくとも1人が死亡し、さらに1人が行方不明となっている。救助隊や消防が現場で捜索活動を続けており、がれきの下に取り残された人がいないか確認を進めている。… pic.twitter.com/Md0TtVUIor
— ヴィズマーラ恵子🇮🇹 (@vismoglie) June 6, 2026












