Шоткантно видео од Бразил, каде што девојка почина скокајќи од мост затоа што немало врзано јаже, моментално ги преплавува социјалните мрежи.
На видеото се гледа како девојката ја креваат тројца мажи преку оградата на мостот висок 40 метри, а потоа се гледа како паѓа на земја.
Несреќната девојка не го преживеа скокот, а веројатно е дека вината е кај работниците кои не ја врзале со безбедносно јаже.
Жртвата е Марија Родригез од Џандира во бразилската држава Сао Паоло. Студентката на Факултетот за спорт обожавала адреналин, а според британските медиуми, скокот го најавила претходно на својот Инстаграм профил.
Во видеото што го објавила на својот сега избришан профил, таа рекла: „Кој е лудиот што ме натера да скокнам од мостот?“
Иако на видеото не се гледа моментот кога паднала на земја, видео снимките се многу вознемирувачки.
Снимката од падот покажува дека, откако била фрлена од мостот, работниците сфатиле дека не е прицврстена со јаже, при што еден од нив пцуел кога го видел тоа.
Крајот на јажето останал на мостот.
Бразилката паднала приближно 40 метри без никаква безбедносна опрема, удирајќи во цврста земја. Немала никакви шанси да преживее. Нејзиниот вереник, кој бил сведок на целата работа, бил шокиран.
Воената полиција првично уапсила шест мажи. Според бразилскиот новински весник „О Глобо“, двајца од мажите се обиделе да избегаат. Тие наводно биле пронајдени со хеликоптер и приведени.
Тројца осомничени сега се обвинети за убиство од небрежност:
„Тоа беше тим без никакви дозволи, тие дури немаа дозвола да бидат таму“, изјави истражителот Андреа Дантас Леви за бразилскиот новински весник.
Железничкиот мост, кој никогаш не е пуштен во употреба, се смета за популарно место за авантуристи. Иако скокањето со јаже е забрането на мостот, туристичките оператори редовно го рекламираат и нудат.












