четврток, ноември 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Во Србија од утре почнува исплатата на осигурените депозити од Алта банка...

Во Србија од утре почнува исплатата на осигурените депозити од Алта банка до 50.000 евра

15

Во Србија од утре, 13 ноември, започнува исплатата на осигурените депозити на клиентите на несолвентната Алта банка, во износ до 50.000 евра по депонент. Поштенска штедилница од утринава го активираше својот интернет-портал, преку кој клиентите можат да закажат термин за подигнување на средствата. Исплатата ќе се реализира во име и за сметка на Агенцијата за осигурување на депозити, а правото на надомест се однесува на физички лица, претприемачи и микро, мали и средни компании.

За подигнување на парите, клиентите треба да приложат важечка лична карта или пасош, како и оригинален документ поврзан со сметката или депозитот во Алта банка. Доколку средствата сакаат да ги префрлат во друга домашна банка, потребни се и инструкции за сметката на банката примач. Исплатата ќе се врши во експозитурите на Поштенска штедилница, според распоредот на поранешната мрежа на Алта банка, која имала 19 експозитури низ Србија, со дополнителни локации во регионите каде што има поголем интерес. Клиентите ќе можат да поднесат барање за исплата на осигурените депозити најдоцна до 3 ноември 2029 година.

ИЗДВОЕНИ