Украден е хеликоптер во сопственост на поранешниот австриски олимписки шампион Томас Моргенштерн, а неговиот сигнал последен пат бил регистриран во Хрватска. Кражбата се случила ноќта меѓу 27 и 28 септември, додека се наоѓало леталото во хангар во Салцбург. Станува збор за „робинсон Р44“, вреден околу 650.000 евра. Последниот потврден сигнал бил регистриран над островот Паг во 4:20 часот изутрината. Оттогаш на хеликоптерот му се губи секоја трага, а не е познато дали, можеби, е скриен на островот или однесен на друга локација.

Случајот доби дополнителен пресврт кога се појави оглас на „Фејсбук“ за хеликоптер со цена од 895.000 евра, кој оставаше впечаток дека станува збор токму за украденото летало.

Лицето што го објавило огласот подоцна изјавило дека станувало збор за шега, бидејќи било изнервирано од медиумското внимание околу исчезнувањето на хеликоптерот. Потрагата продолжува и засега нема официјални информации што би потврдиле дека некаде слетал хеликоптерот.

ИЗДВОЕНИ