понеделник, септември 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА УАПСЕНА БАНДА ОД ТЕТОВСКО: Провалиле во десетици домови, украле и сеф од...

УАПСЕНА БАНДА ОД ТЕТОВСКО: Провалиле во десетици домови, украле и сеф од 400 кг.

1

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „Тешка кражба“. Според првичните проценки на истражните органи, организираната група направила материјална штета од дури 15 милиони денари (околу 250.000 евра).

Осумничените делувале во период од април до септември годинава, таргетирајќи приватни куќи во неколку села на подрачјето на Општина Боговиње. Во овој временски период, тие провалиле во над 10 домови од каде што одземале поголеми суми пари, вреден златен накит, но и огнено оружје кое сопствениците го поседувале со соодветни дозволи.

Меѓу најдрските потфати на оваа група се издвојува кражбата во селото Палчиште, каде што разбојниците успеале од куќата на оштетениот да извлечат и да однесат цел сеф со тежина од околу 400 килограми.

На надлежниот јавен обвинител интензивно работи на обезбедување на сите материјални докази за комплетирање на случајот.

По предлог на обвинителството, за двајца од осомничените веќе е одреден краткотраен притвор во траење од 48 часа. За преостанатите двајца сеуште активно се трага, а мерката притвор ќе почне да им тече веднаш по нивното лоцирање и лишување од слобода.

ИЗДВОЕНИ