четврток, јуни 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен маж од Кичево: Полицијата дошла поради агресивност кон семејството, па тргнал...

Уапсен маж од Кичево: Полицијата дошла поради агресивност кон семејството, па тргнал и на полицајците со лопата и нож

702

На 01.05.2026 во 19:00 часот, во кичевското село Челопеци, лишен од слобода е Ѓ.Р.(48) од истото село по претходна пријава дека во семејниот дом, бил агресивен кон членови на неговото семејство.

Тој откако ги забележал полициските службеници кои пристигнале и отпочнале со преземање службени дејствија, се обидел со лопата а потоа и со нож да ги нападне.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ