Договорот меѓу Полска и Франција е навистина интегрирано одбранбено партнерство, кое нема за цел да го замени НАТО или ЕУ, туку да ги зајакне и операционализира постоечките врски, изјави денеска во Нанси полскиот премиер Доналд Туск по потпишувањето на полско-францускиот договор за зајакната соработка и пријателство.
Туск претходно најави дека договорот ќе содржи одредба која во случај на закана ги обврзува двете земји меѓусебно да си пружат помош, вклучително и воена поддршка, пренесе ПАП.
Макрон истакна дека НАТО е основан по Втората светска војна и дека „постојат механизми за солидарност кои претходно не постоеле“, а тоа особено, додаде, се однесува на членот 5 од НАТО.